Легендарниот моден дизајнер Серџо Роси, ја загуби битката со коронавирусот, откако беше примен во болница само неколку дена порано.
Италија е на врвот на црната листа по смртни случаи од Ковид-19.
Роси донираше 100.000 евра во болниците пред да се зарази.
Неговите пријатели се збогуваат со него, па многумина велат дека тој имал многу вкус и никогаш не „претерувал“.
Многу познати личности носеа негови обувки, вклучувајќи ја и Ријана.
– Чевлите секогаш беа носливи, но тој никогаш не беше задоволен сè додека не беа совршени, тие не беа само моден додаток за него – велат пријателите.
– Роси е роден во 1935 година во Италија, во градот Сан Мауро Пасколи, каде го основа својот бренд.
Неговите модели беа особено популарни во 1970 година, но децении подоцна, тој имаше продавници за чевли ширум светот, и беше неизбежен кога станува збор за модната сцена во Милано.