Кон крајот на 2019 година, македонската актерка од МНТ, Нина Деан откри дека оваа година поточно во април ќе се реализира во улогата на мајка.
Имено, Нина и нејзината љубов од детските денови Мартин го очекуваат првото бебе за кое се уште не го открија полот.
-Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото, изјави Нина за „7 дена.мк“.
Нина ужива во својата прва бремност и едвај чека нејзиното семејство да се прошири за уште еден нов член.
Меѓутоа, деновиве кога поминуваме низ неубави ситуации односно сите сме во карантин поради коронавирусот кој го зафати светот, Нина има убав повод за славење и радување.
Имено, актерката во каранитн кажа „да“ на нејзиниот партнер Мартин, а со овие радосвни вести се пофали на социјалните мрежи.
„Kажав „да“ напиша пејачката.
За потсетување, Нина во една прилика истакна дека Мартин е нејзина љубов од детеските денови, па се појавил со 10 години и повторно се заедно и љубовта ќе ја крунисаат со брак.
Редакцијата на вистина.ком.мк им честита на младиот пар и им посакува се најубаво во заедничкиот живот.