Големото музичко натпреварување Евровизија е закажано од 12 до 16 мај , а треба да се одржи во Ротердам, Холандија. По откажувањето на многубројни спортски случувања во Европа, поради корона вирусот под знак прашалник се става и Евровизија.
Холандија по петти пат ќе биде домаќин на ова музичко случување, а овој пат благодарнеие на победата на Данкен Лоренс со песната „Аrcade“.
„Ако ширењето на вирусот дотогаш не биде контролирано, нема да биде паметно да се донесат толку луѓе на едно место. Мора да размислуваме за тоа и да ги ставиме луѓето на прво место, а и организаторите се свесни поради проблемот. Можно е вирусот многу брзо да се шири во зимскиот период поради природата на зараза, па во мај можеби ќе имаме подобра ситуација, но моменталната состојаба е сериозна и се одложени многу спортски манифестации“ вели холандскиот виролог Аб Остерхаус.
За потсетување, Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија.