Радио Милева
ковид 19 влезе во најпознатото ријалити?

Корона стигна и во „Задруга 3“: Бившиот на Ана Кораќ е заразен и лежи во болница (ФОТО)

Корона стигна и во „Задруга 3“:  Бившиот на Ана Кораќ е заразен и лежи во болница (ФОТО)

Бившото момче на старлетата Ана Кораќ, Филип Мијатов, кој беше дисквалификуван во третата сезона на „Задруга 3“, објави на Инстаграм дека е во самоизолација  затоа што бил позитивен на тестот за  коронавирус.


„Им се извинувам на сите што не им одговорибв на пораките. Јас сум ставен во карантин заради„ Ковид 19 “. Закрепнав во потполност, но лекарите се’ уште не сакаат да ме ослободат.

Ќе бидам ослободен и ќе излезам до крајот на следната недела“, напишал тој.

Инаку Филип коронавирусот како што самиот вели во доплнителната порака, го закачил откако бил на патување во Италија.

Откако му се појавиле симптомите бил стациониран во болница, на инфективна клиника, каде започнало неговото лечење. Притоа му биле забранети секакви посети, а мобилниот телефон му бил одземен, па затоа не можел никому да му одговори на повиците и пораките и не бил достапен.

По оваа вест, паниката почна да се шири и меѓу останатите учесници во реалното шоу „Задруга 3“, од каде како што рековме, Филип претходно беше дисквалификуван.

Останати вести од Радио Милева