Коронавирусот или „Ковид 19“ ни стави „кочница“ на секојдневниот живот, обврски, навики, активности.
Брзината со која се шири вирусот предизвика да го ставиме секојдневието на пауза и малку да му дадеме одишка на пребрзото темпо на живеење. Во исто време и не освести, не разбуди да ги цениме вистинските вредности, да имаме повеќе време за себе и своите најмили.
„Ковид 19“ прво се појави во Кина, а потоа многу брзо се прошири во Италија, регионот, целиот свет….и во нашата мала држава Македонија.
Секој ден расте бројот на заболени лица, а надлежните препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки за заштита од короната.
Имено, она што е добра и позитивна страна на “чумата на 21 век“ е што може да придонесеме да престане да се шири.
Дражаваните институции и здравствените организации преземаат мерки за заштита, а едни од нив се често миење на рацете со топло вода и сапун, седење во изолација односно не треба да излегуваме од дома, а ако го правиме тоа да носиме заштита поточно маски и ракавици, друга мерка е да избегнуваме контакти со други лица…
Голем број од македонските јавни личности се придржуваат кон препораките и апелираат до граѓаните да ги почитуваат. Имено, естрадните уметници ги откажаа и своите настапи во државата и регионот, а многумина од нив се наоѓаат во своите домови.
Тие често знаат да се јават преку социјалните мрежи и на своите фанови да покажат како го поминуваат времето, а пејачите знаат да се приклучат лајв и да поразговараат со своите фанови, да запеат и слично.
Но, кога треба да се излезе од дома и да се завршат некои обврски, познатите користат заштита односно маска и раквици
Вака изгледаа нашите јавните личности со „корона стајлинг“
Мелита Ракиќевиќ
Дарко Спејко
Вера Мештеровиќ
Димитар Атанасовски
Елена Ристеска