Радио Милева естетски интервенции

Копија на мајка и: Јами првпат ја покажа ќерката, па сите се запрашаа колку операции направила (фото+видео)

Копија на мајка и: Јами првпат ја покажа ќерката, па сите се запрашаа колку операции направила (фото+видео)

Наследничката на позната пејачка предизвика многу коментари на социјалните мрежи, откако со својата мајка застана пред ТВ камерите.
Јами се обидува да го сокрие семејството и приватниот живот од медиумите, па таа и нејзината ќерка Леа за прв пат се појавија пред камерите.

Затоа многумина се изненадија кога покрај неа ја видоа ќерката на пејачката, а она што на сите им падна во очи е нејзиниот изглед. Имено, нивната сличност е неверојатна, а според многумина, Леа веќе направила козметички зафати, иако и без нив била убава.

„Исти се“, „Колку операции има направено мајката, толку има направено и ќерката“, „Јами ја разбирам донекаде, но 20-годишна девојка да направи вакво нешто…“ се само дел од коментарите кои се најдоа на социјалните мрежи.

@redtv_network Jami pokazala ćerku Leu #Whatzuuuup #RedTV #tvojRED ♬ original sound – RedTV_Network

Да потсетиме, Јами ја доби Леа со белградскиот фризер Предраг Пеѓа Ранковиќ, кој е вујко на Анѓел Ранковиќ, манекен и учесник на реалното шоу „Задруга“. Пејачката е горда на својата наследничка, која е успешен студент по меѓународна дипломатија и безбедност, а како што вели пејачката, Леа нема желба да тргне по стапките на мајка си и да ја избере музиката како животен повик.

Фото:Принтскрин/ТикТок

To top