Мегафон

Концертна промоција на албумот “FLOW” на „Ris Flower“ во „Станица 26“

Концертна промоција на албумот “FLOW” на „Ris Flower“ во „Станица 26“
На 18ти мај 2023г. , во клубот “Станица 26”, со почеток од 21:00 ќе се одржи концертна промоција на долгоочекуваниот прв албум на Ris Flower, насловен “FLOW”.
Покрај авторските композиции, меѓу кои познатите “Flying to Berlin”, “Translucent”, “Light Of Your Soul” и многу други,
на концертот ќе бидат промотивно изведени и кавер-хитот на Ris Flower– „Сите Мои Слики“ од „Ареа“ и официјалниот кавер на песната “Come Undone”, во соработка со продуцентската куќа на “Duran Duran”.
На сцената, “Ris Flower” ќе биде придружуван од својот бенд составен од феноменалните музичари:
Djole Maksimovski – бас,
Dino Milosavljevic – тапани,
Pavle Vasiljevic – гитара
Концертот ќе биде отворен со настап на познатиот поп пејач од Малта, Dylan Debono , а како специјални гости публиката ќе има можност да го слушне еден од најперспективните македонски рок бендови Red18.
Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk