Езе Нвалије е контроверзен богат човек и инфлуенсер познат под прекарот Прити Мајк, кој го шокираше светот со својата објава на Инстаграм.
Тој се појави на свадба во Нигерија со дури шест бремени жени, кои беа облечени во идентични сребрени фустани, и тврди дека тој е татко на сите шест бебиња.
„Ова не е филмски трик, ние живееме само одличен живот“, напиша тој на својот Инстаграм под фотографијата од венчавката.
View this post on Instagram
Езе Нвалије е многу популарен забавувач во неговата родна Нигерија и ова не е прв пат да крева прашина во јавноста. На пример, во 2017 година, тој беше уапсен кога однесе неколку свои придружнички на некој настан ставајќи им синџир и шетајќи ги како кучиња на поводник.
Тој по тој бизарен чин истакна дека нема да ги повторува ваквите понижувачки постапки кон жените, но се чини дека во суштина ништо не се сменило.
Овој сопственик на ноќен клуб се стекна со репутација на плејбој во Нигерија, а познат е и по тоа што отворено споделува детали за неговите врски на социјалните мрежи.
Во февруари оваа година тој ја шокираше јавноста со изјавата дека „убавата жена не е наменета само за еден маж“.
View this post on Instagram
„За да ја задржите убавата жена во Лагос за себе, треба да бидете во можност да го сторите она што 11 мажи можат да го сторат поинаку“, рече тој тогаш.
По контроверзната фотографија со шест бремени жени, тој објави кратко видео на кое се гледа како дели кревет со неколку жени и ужива со нив.
View this post on Instagram
Дали сето ова е маркетиншки трик или реалност – не знаеме, но Нигеријците претходно тврдеа дека имаат неколку партнерки истовремено. Тој дури истакна дека неговиот најголем сон е да се ожени со две поранешни и три сегашни девојки.