Радио Милева посегна по сопствениот живот...

Контроверзната српска пејачка го најави своето самоубиство во живо на Инстаграм: Дуња Илиќ во бесознание итно пренесена во болница! (ФОТО)

Контроверзната српска пејачка го најави своето самоубиство во живо на Инстаграм: Дуња Илиќ во бесознание итно пренесена во болница! (ФОТО)

Контроверзната пејачка Дуња Илиќ, која веќе некое време живее во Италија, направи вистински метеж на социјалните мрежи, но и во медиумите со објавување во живо на Инстаграм дека земала големо количество седативи зошто и е преку глава од ваквиот нејзин живот.

Фановите и медиумите во Србија останаа загрижени, а бидејќи живее во странство,  беше тешко да се открие што се случува со пејачката. Многу нејзини следбеници оставаат пораки на Инстаграм барајќи какви и да било информации.

 


„Луѓе, ајде, ако некоја нејзина пријателка е тука или е во контакт со неа или што и да е, само да каже далие  сè е во ред, зашто овие работи не се за зафркавање, не е наивно“ – напишала една нејзина следбеничка, која наскоро доби и одговор .

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dunja-ilikj-pejachka-so-pekolna-biografija-snimi-pornikj-ja-tepaa-vo-prishtina-se-razvede-po-12-dena-brak-momcheto-i-pochina-od-droga-beshe-vo-shema-so-darko-lazikj/

 „Нејзиното момче Фреди напиша во свето стори дека доживеал филмска хорор сцена минатата вечер, но ја завршил ноќта спасувајќи една душа“, по што пристигнаа и првите информации за состојбата на Дуња.


Според белградските медиуми, Дуња била пронајдена во бесознание.веднаш и укажале прва помош и итно ја пренеле во болница на испирање на желудникот. Во моментов таа се опоравува, а нејзините пријатели и членови на семејството биле шокирани од ова сознание. Нејзината мајка треба наскоро да замине во Болоња за да биде со нејзината ќерка.

Претходно, Дуња се вклучила во живо на Инстаграм и рекла дека е уморна и умира.


“Умирам, се плашам од непознатото. Те молам слушај ме. Не го зборувам ова за ова да биде во центарот на вниманието. Јас престанав да пијам алкохол пред една година и да земам кока. Умирам, а к*р ме боли и ако не умрам. Бев злоставена уште од 5-годишна возраст. Кога отидов со татко ми и неговата девојка на едно патување, таа коментираше дека неговиот однос кон мене е класичен инцест и болештина. Татко ми имаше некои емоции кон мене кои не беа во согласност со она што е татковство. Умирам, немам што да изгубам“ – рекла Дуња, а потоа кажала оти се сомнева дека нејзините родители биле навистина нејзини и дека таа е посвоена.

To top