Познатата словенечка старлета Дениз Дејм, учесничка на „Задруга 5“ и своевиден скандал мајстор, по серијата шокови што ги предизвика пред камерите на реалното шоу „Задруга“, а и во нејзиниот приватен живот, најави лансирање на нов иновативен бизнис.
Да потсетиме, Дениз се претстави како слободна девојка, која прави што и мисли, а ние имавме можност да ја видиме нејзината сексуална врска која се случи во тоалетот на „Белата куќа“ со Стефан Михиќ. Потоа по излегувањето од „Белата куќа“ отворено зборуваше за тоа како има спонзор, а покрај него и оженет љубовник, кој и помага финансиски, но и дека активно работи да собере што повеќе следбеници на мрежата „Only fans“, со цел да заработи што е можно повеќе.
– Наскоро отворам онлајн училиште за спонзоруши! – им даде кратка порака на обожавателите на ТикТок и Инстаграм и предизвика бурни реакции.
Самопрогласена „најдобрата словенечка Рибетина“, нема дилема дека каде и да се појави, крева прашина и ги анимира обожавателите, кои со нетрпение ја очекуваат нејзината објава на социјалните мрежи, бидејќи слободно може да се тврди дека секоја објава е поскандалозна од минатата.
Фото:Принткрин/Инстаграм/Дениз Дејм