Претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта, е номинирана во три категории за Евровизиските награди кои се одржуваат по втор пат и ќе бидат објавени за време на зимските празници.
Во периодот од 30 ноември до 4 декември, организаторите собираа гласови од публиката преку официјалната страница на Инстаграм за десет категории, а Констракта се натпреварува за награди за најиновативна изведба, најдобар текст и најдобра кореографија.
Листата е составена врз основа на фан-страниците на Евровизија кои ги номинираа своите фаворити во текот на ноември.
View this post on Instagram
Минатата сезона во гласањето учествуваа повеќе од 70.000 луѓе, но статистиката за оваа година се уште не е објавена. Наградите на Евровизија за првпат беа доделени во 2021 година, а групата „Ураган“, која тогаш ја претставуваше Србија, ја доби наградата за најдобри фризури.
Фото:Принтскрин/Инстаграм