Војводите од Кембриџ и Сасекс, принцот Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на покојната принцеза Дајана, а по тој повод изјавија: „секој ден сакаме таа да е со нас овде“.
Принцовите присуствуваа на церемонијата во дворот на Кенсингтонската палата на денот кога нивната мајка ќе наполнеше 60 години.
Ова беше прво нивно заедничко појавување од погребот на нивниот дедо, принцот Филип кој почина во април.
„Се сеќаваме на нејзината љубов, каракатер и сила“ изјавија тие.
„Нејзините особини ја направија позната ширум светот и таа промени многу животи на подобро“.
Тие истакнаа дека се надеваат дека споменикот секогаш ќе биде симбол на нејзиниот живот.