Милица Тодоровиќ по раскинувањето со Милош Пауновиќ започна врска со актерот Петар Стругар.
Иако во јавност тие изгледаа среќни и заљубени, парот раскина кога се појави коронавирусот во Србија, па Милица замина во родниот град Крушевац, а Петар остана во Белград.
Како што пишуваат медиумите, Милица и Петар раскинале затоа што пејачката била подготвена да стане мајка додека пак Петар мисли дека се уште не е време за тој чекор.
„Милица и Петар се скараа бидејќи тој е рамнодушен кога таа зборува за тоа дека сака да му роди дете бидејќи му се допаѓа како е грижлив татко кон неговиот шестгодишен син. Петар мисли дека Милица ќе биде добра мајка, но не се брзаше за деца додека не биде сигурен дека сака со Милица да го помине остатокот од животот. Милица почна да се нервира околу пасивност на Петар кога се зборува за сериозни теми и почна да му наоѓа разни забелешки“ вели изворот за српски телеграф и додава:
„На пример кога се разболе пред два месеци, Петар не се грижеше околу неа колку што таа сакаше, па Милица се пожали на една другарка“ вели изворот.
Како што тврди магазинот, Петар се кае за раскинувањето, но се уште не е подготвен за дете.