Луна Џогани и Анастасија Ражнатовиќ го прекинаа долгогодишното пријателство кое траеше повеќе од 13 години, а сега кончено се појави причината за нивната кавга.
На едно видео Луна и изјавува љубов на Таса која потполно ја игнорира, а потоа ја турка од себе.
„Те сакам Анастасија, те сакам“ вели Луна, на што Анастасија вели:
„Досадна си бре. Ми е гајле“ вели Луна.
Се тоа се случило во 2015 година, пред 18-иот роденден на наследничката на Цеца, на кој Луна не била ниту поканета.
„Луна се “нафрлуваше“ на момче со кое Таса беше долго време. Видеото настана во тој период кога Луна ја убедуваше Анастасија да и прости. Анастасија и пред тоа имаше забелешки на однесувањето на својата другарка, па тоа само беше капка која ја прели чашата“ вели добро известен извор.
Тие две со години беа неразделиви, а во еден период живеле заедно.