Радио Милева совршена промена

„Конечно …“: Милена Антовска се одлучи да го смени имиџот, а разликата е забележителна само поради фотографиите (фото) 

„Конечно …“: Милена Антовска се одлучи да го смени имиџот, а разликата е забележителна само поради фотографиите (фото) 

Како се чувствуваме е најважно, но навиките се оние кои не дефинираат, а самодовербата е голема работа без која не се може.

Па така, водителката Милена Антовска реши да го смени својот речиси непроменлив изглед и да внесе малку свежина, за подобро да се чувствува.

Таа пред неколку дена самоуверено најави дека е подготвена да го смени имиџот и конечно да посети фризер но не за да ја среди косата, туку да ја скрати.

ТВ водителката седна на столчето и направи цела фотосесија каде го забележа секој момент како доказ и спомен за случајно да не се разочара од финишот.

Должината на косата веќе ја преминала границата од онаа што неа ја задоволува па, без предомислување Милена пресече дека ова е вистинската одлука.

Милена едноставно уживала во секој момент, а тоа лесно се забелешува од реакцијата на нејзиното лице.

На крај водителката сподели и колку дозволила и одлучила да скрати од својата коса, но попатно како да се предомислила бидејќи должината личи како да е речиси иста, или можеби минимална промена, па „ништо“ од она што го најави и ги остави љубопитните следбеници во исчекување.

Секако, Милена накрај заврши со убаво префинето освежување и забележително подолги шишки исчешлани на страна.

Со новата фризура таа повторно изгледа природно и елегантно, но благодарение на тоа и неколку години помладо. А со тоа докажа дека среќата е во малите нешта во случајов во малите промени.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

 

 

To top