Ана Николиќ пред скоро една година на свет ја донесе ќеркичката Тара, а од август минатата година ретко се појавуваше во јавност.
Пејачаката излезе во февруари оваа година во медиумите, за да настапи со својот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, тогаш признала дека се уште се занимава со вишокот килограми, но дека дава се од себе за да го исправи тоа.
Меѓутоа на социјалните мрежи се појави еден клип во базен во кој Ана Николиќ изгледа прекрасно во костим за капење.
Дека Раста е задоволен од нејзиниот изглед, покажува дека лично тој ја објавил снимката.