Радио Милева

Конечно: Честитките не престануваат да пристигнуваат на адреса кај Антониа Гиговска (фото)

Конечно: Честитките не престануваат да пристигнуваат на адреса кај Антониа Гиговска (фото)
фото: Мартин Трајановски/ Принтскрин/инстаграм/антониагиговска

Младата македонската пејачка Антониа Гиговска се прослави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ каде што често ги добиваше сите гласови од жирито и ја освои публиката со својот глас.

Антониа на музичко поле ниже успеси т.е нејзините песни имаат по неколку илјади прегледи на Јутуб, а за потсетување претходната година беше придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“.

Гиговска ужива и на приватен план со нејзиното момче Иван од „Либеро бенд“ и често знаат да се пофалат како времето го поминуваат заедно.

фото: Инстаграм

Меѓутоа, за време на пандемијата со короната која се прошири во цел свет, многумина можеби ги ставија своите идеи, планови, активности на „чекање“ за некое подобро време.

Антониа изминатиот период го поминуваше во Скопје со момчето и семејството. Меѓутоа, сега кога нема рестрективни мерки односно заврши вонредната состојба и нема полициски час, Гиговска се фрли на „акција“.

Имено, таа деновиве го положи возачкиот испит, а со овој нов успех се пофали на социјалните мрежи.

„Конечно, кој сака кругче?“, напиша таа во описот на фотографијата каде што седи зад волан.

фото: Принтскрин/инстаграм

Веруваме дека во приватни пораки пристигнале многу честитки за положениот возaчки испит.

Среќно на патиштата!

Останати вести од Радио Милева