На 29 октомври 2022 година, сабота, џез ансамблот „Bopheads“, составен од моментално најзначајните имиња на македонската сцена, ќе ја почести својата публика со два настани.
Во Малата сала на Филхармонија, со почеток од 22 часот ќе се одржи овогодинешното концертно издание на ,,Dinner Sessions,’’ овој пат со еден од најдобрите џез состави на нашиве простори – Bopheads.