Македонскиот музички состав „Лилит“ во недела (25.09) ќе одржи концертна промоција на својот деби албум „Чудо“ пред скопската публика. Со почеток во 18 часот, бендот ќе настапи во кафе-барот Филхармонија.
„ЧУДО“ е дете на искрена, бескомпромисна љубов кон музиката. Без желба за идентификација со било кој музички жанр, бидејќи секоја идентификација е рамка, овој албум ги дава контурите на еден слободен ентитет кој стои позади името Лилит. На албумот се наоѓаат 12 композиции.
Дел од композициите се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини.
Влезот за концертот е слободен.
Концертна промоција на албумот „ЧУДО“ ќе се одржи и во Охрид, еден ден претходно, односно на 24 септември од 18 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.