Мегафон БЕШЕ ПРЕГАЗЕНА ОД МОТОР

Концерт во чест на прерано загинатата Тамара Тодороска

Концерт во чест на прерано загинатата Тамара Тодороска

На денот кога Тамара Тодороска требаше да наполни 20 години, 23 декември, во МКЦ  (хол на кино „Фросина“) ќе се одржи хуманитарен комцерт со симболична цена од 100 денари. Сите средства ќе бидат донирани во организацијата која што се грижи за дечиња со посебни потреби „Blue Firefly”.

На концертот ќе настапа: Fiction, Man in a Suit, Nova Generacija, M. Dancev & Band, Desease, Morfej и TV Rage.

Тамара почина во сообраќајна несреќа на 4 јуни годинава откако мотор со огромна брзина удри во неа во близина на пазарчето во Драчево. Во соопштението од МВР беше истакнато дека возачот бил под дејство на алкохол.

Драчевчани по немилиот настан покренаа петиција за поставување сообраќајна сигнализација заради зголемување на безбедноста на жителите, чии животи се секојдневно изложени на ризик поради небезбедните улици и брзото возење.

„Се надеваме дека со овој настан, со концертот на денот на твојот 20-ти роденден, ќе опфатиме дел од твоите идеали и ќе го продолжиме твоето дело да помогнеме некому.
Поради професијата што одлучи да биде нејзина животна определба (дефектологија), да помага на децата со посебни потреби, средствата од овој концерт ќе бидат наменети во тие цели“ се вели во поканата за музичкиот настан кој е во организација на нејзиното семејство.

To top