На овој концерт премиерно ќе бидат изведени нови, оргинални композиции на членовите на ЗЏМ и концертот ќе претставува вистинско освежување на македонската џез сцена, поради квалитетот на композициите, како и на инструменталистите од највисок калибар кои ќе ги изведуваат истите. Како што е веќе познато на пошироката јавност, по многуте квалитетни концерти одржани во нашата држава и во странство во формација на биг бенд (ЗЏМ БИГ БЕНД)во изминативе години, ЗЏМ КОЛЕКТИВОТ на Скопско лето ќе настапи во комбиниран состав и на публиката ќе и приреди вистинско уживање.
Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e основано во април 2016 година, со единствена цел да ги обедини џез музичарите од Македонија, и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање и негување на џез културата во Македонија.
ЗЏМ КОЛЕКТИВ: Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Зоран Костадиновски – гитара, Гордан Спасовски – клавијатури, Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани.
ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
– носење заштитни маски
– мерење телесна температура
– одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
– дезинфекција
– влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.