Концерт на Женскиот младински хор – МКЦ

4 Ное , 2019 Мегафон

Концерт на Женскиот младински хор – МКЦ

Во рамки на фестивалот “Есенски музички свечености”,  концерт ќе одржи  „Женскиот младински хор“ при МКЦ. Диригент е Сашо Татарчевски, додека пијано придружба е Сара Кесковска.

Програма:

Ричард Роџерс: With a song in my heart

Мишел Легранд: The windmils of your mind
Соло: Мартина Нанеска и Бојана Јованова

Харолд Арлен: Over the rainbow

Ричард Роџерс: Isn’t it romantic
Соло: Магдалена Кочоска

Виктор Јанг: When I fall in love
Соло: Катерина Грковска

Херман Хапфелд: As time goes by
Соло: Доника Домазети и Магдалена Кочоска

Ерол Гарнер: Misty

Артур Хамилтон: Cry me a river
Соло: Доника Домазети и Бојана Јованова

Џони Мерсер: Dream

Хоуги Кармајкл: The nearness of you
Соло: Доника Домазети

Џером Керн: All the things you are
Соло: Мартина Нанеска

Хоуги Кармајкл: Skylark

Чарлс Фокс: Killing me softly
Соло: Јулија Трајковиќ

Бени Андерсон / Бјорн Улвеус: The winner takes it all
Соло: Мартина Нанеска
Бени Андерсон / Бјорн Улвеус: Dancing queen

Од своето формирање во 1972 па сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл се наметна како важен и неизбежен дел од културниот живот во Македонија.
Освен редовните концерти, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на нови композиции од Александар Пејовски во изведба на женскиот младински хор, камерен оркестар, удиралки и лента под диригентство на Сашо Татарчевски.
Во изминатите 47 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Само во последните неколку години можат да се издвојат низа успешни меѓународни презентации како турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот “Бохуслав Мартину“ и наградата за најдобра изведба на обврзна композиција во Чешка, првата награда во категоријата за стандардна хорска програма и првата награда во категоријата за фолклорни хорски обработки во Хрватска, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславиа сакра“ во Вроцлав, две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава како и прва награда на натпреварот „Варсовиа кантат“ на музичката академија “Фредерик Шопен“ во Варшава.

, ,


Comments are closed.