По тешките и остри зборови, Андреана Чекиќ и поранешниот победник на „Ѕвезда Гранда“ Ибро Бублин се сретнаа очи во очи и на крајот ги закопаа секирите.
Нивниот конфликт настана пред четири години кога Ибро во интервју го предизвика композиторот Саша Лазиќ поради обвинението дека ја присвоил неговата песна „Се ќе ти дадам“, а Андреана застана во одбрана на поранешниот соработник. Тогаш на социјалните мрежи започнаа проблемите меѓу нив, а Ибро објасни дека Лазиќ сакал да се претстави во јавноста со обвинението и тоа преку своето име и популарност.
По четири години од конфликтот, Андреана и Ибро се сретнале на забава, а после тоа пејачката објавила нивна заедничка слика на нејзиниот Инстаграм профил.
„Не бев фер кон тебе и почувствував потреба и за тоа јавно да се извинам. Твојот талент заслужува голема почит и од се срце ти посакувам лесно да успееш во се што си наумил. – напиша пејачката во описот на објавата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Андреана Чекиќ