Радио Милева
симпатично и слатко

Комплетно уживање: Познатите Македонки си обезбедија топла прегратка полна љубов и верност (фото)

Комплетно уживање: Познатите Македонки си обезбедија топла прегратка полна љубов и верност (фото)

Освен што  времето почна да студи и полека есента почна да си ги покажува забите и своето вистинско врнежливо лице, октомври е месец кога почнува да ни фали топла прегратка и убави моменти во домашна атмосвера.

Така на социјалната мрежа Инстаграм, нашите познати Македонки споделија приватни моменти од секојдневието со кои покажаа чија прегратка е најтопла во овој месец.

Тие сега несебично  ја покажаа вербата во нивните миленичиња полни со сигурност, неизмерна љубов, но и забава.

Една од нив беше гевгелиската убавица Александра Накова која симпатично позираше заедно со Лео, а потоа го седна на столче и на фотографијата додаде лижавче како знак на тоа колку е сладок.

Пејачката Теа Трајковска спои две слатки фотографии, па додека на едната праќа бакнеж со усните, на другата за неа нејзиното кутренце е пиленце, кое го сака  најмногу.

Русокосата  пејачка со руско потекло Викториа Лоба исто така се придружи на предизвикот на социјалната мрежа Инстаграм за рандом фотографија во октомври, па додавајќи го натписот:  „Вообичаена фотка или сѐ ќе тргне наопаку во октомври“, покажа како внимателно го капе нејзиното милениче од расата Померанец  во када под чешма.

Лоба редовно споделува фотографии во друштво на милениците и за неа прегратката во било кое годишно време е секогаш тука.

Едноставно овие познати македонски дами сега само се придружија на предизвикот и на сите им покажаа дека во овие студени денови тие веќе си создале простор за топлина, комплетно уживање и забава со своите домашни миленичиња.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викториа.Л/А.Накова/Т.Трајковска

 

Останати вести од Радио Милева