Радио Милева

„Комплекс им набиваш на помладите“: Кога Каролина Гочева во кусо здолниште ќе ги прекрсти голите долги нозе (фото)

„Комплекс им набиваш на помладите“: Кога Каролина Гочева во кусо здолниште ќе ги прекрсти голите долги нозе (фото)

По многуте концерти за деветиот студиски албум „Извор“, Каролина Гочева го заокружи својот последен музички проект, а оттогаш новитетите поврзани со неа, барем оние што ги објавува во јавност, се однесуваат само на моден план.

Каролина Гочева освен во музиката, стана се поактивна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е.

Постојано остварува нови соработки со познати модни брендови кои ги има и на македонскиот пазар, а за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.

фото:каролина гочева/инстаграм/ани и дими

 

Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, полна со грациозност и став.

Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии и тоа за секое годишно време и прилика.

фото:каролина гочева/инстаграм/ани и дими

Со старот на есента, очекувано осамнуваат и модните кампањи за тековната сезона, а овој пат Керол позира во есенско издание од елегантен комплет од твид, кој потсетува на моделите од „Шанел“, а во фокусот се нејзините голи нозе нагласени од кусото здолниште.

фото:каролина гочева/инстаграм/ани и дими

Следбениците и пријателите не останаа имуни да не и поласкаат, а во еден од коментарите обожавател и порача дека во вакво издание им набива комплекс на помладите!

To top