Мегафон
повик

„Комитите“ повикуваат: Вечер сите на аеродром – да ги пречекаме шампионите!

„Комитите“ повикуваат: Вечер сите на аеродром – да ги пречекаме шампионите!

Навивачката група Комити преку ФБ објави важна порака до сите кои сакаат да ги пречекаат ракометарите.

-Инфо !!!
Шампионите полетуваат вечер, 03.06 од аеродромот во Дизелдорф во 18:50ч. Преку Виена на скопскиот аеродром се очекува да слетаат околу 23.55 часот.

„Значи, вечерва, 03.06 во 23.55 часот, СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!!
СОБИР и Заедничко поаѓање: Сала „Јане Сандански“ во 22:00 часот!!!

Прославата се поклопува точно со датумот на 32 годишнината од основањето на навивачката група Комити.
Има ли подобар начин да се прослави роденден?“ – велат Комити.