Емили Ратајковски постојано ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи со разголени фотографии.
Токму затоа медиумите не ги сметаат нејзините голи изданија за некоја новост, но мора да се признае дека таа е многу креативна во покажување на своите атрибути. Емили изјавила дека честопати нејзиниот сопруг е тој што ја фотографира гола, но кога професионалец ќе ги земе работите во свои раце, Ратајковски заработува повеке од 1,2 милиони лајкови.
На новата фотографија на Инстаграм, згодната манекенка позирала пред огледало, со грбот свртен кон камерата, а во прв план е нејзиниот задник на кој таа е исклучително горда.
Иако многумина ја критикуваат поради експлицитните фотографии, Емили очигледно ужива да го покажува своето тело пред бројните обожаватели ширум светот.