„Немам книшка“ и „Уметникот мора да е здрав“ се стиховите од песната што победи на изборот за песна за Евровизија 22 која ќе ја претставува Србија на годинешниот Евросонг во Торино, Италија.
Пејачката Ана Ѓуриќ – Констракта, која ја изведува оваа песна, изјави дека овие стихови се автобиографски и дека навистина нема здравствено осигурување, што го привлече вниманието на јавноста да се запраша колку луѓе од естрадната фела на Балканот немаат здравствена книшка и осоигурување?
Естрадниот магазин „од зад сцената“ реши да истражува на оваа тема и ги праша дел од нашите јавни личности: Дали имаат социјално и здравствено осигурување?
Нивните одговори слушнете ги и погледнетево видео-прилогот во продолжение: