Радио Милева

Колку чини перење автомобил во Скопје знаеме… Ама, знаете ли колку чини перење коњ? (ФОТО)

Колку чини перење автомобил во Скопје знаеме… Ама, знаете ли колку чини перење коњ? (ФОТО)

Автомобилот оддамна не е луксуз. За повеќето од нас – потреба, за малкумина скапо задоволство, за ептен малку – луксузен љубумец на 4 тркала за ку*чење! Ама како и да е сите што го поседуваат, мора да го одржуваат… Во возна состојба и чист!

Перењето автомобил во пералните за коли полека станува луксуз… Особено во Скопје. Ем ќе се отепаш од чекање, ем скапо ќе го платиш одржувањето на хигиена на својот љубимец на 4 тркала од „еди колку си коња“ под хаубата!

Ама има и такви што имаат љубимци со 4 нозе наместо 4 тркала… И немаат хауба, а сепак имаат само еден КОЊ! Ако не сте знаеле во Скопје и таквите можат да се перат… во перална за автомобили и… коњи! Сосе или без приколката!

Ценовникот е тој, само прашање е дали во цената е вклучено и „рачно гланцање“ на… „подвозјето“… на коњот или само… штрц?

To top