Радио Милева

Колку чини „обичното“ летување на Бекамови во Црна Гора?

Колку чини „обичното“ летување на Бекамови во Црна Гора?

Дејвид и Виктрија Бекам на 4-ти јули прославија 19 години од бракот, а со заедничкото патување во Црна Гора ги демантираа гласините за разводот.

-Бекамови во Дубровник пристигнаа со приватен авион, од каде Викторија со децата се упати во Црна Гора, а Дејвид следниот ден замина за Тиват, од каде замина на Свети Стефан, вели извот за српски „Ало“ и додава:

-Престојуваат во „Вила 112“, една од најлуксузните на Свети Стефан, каде своевремено летуваа принцот Чарлс, актерката Софија Лорен, Новак Ѓоковиќ со семејството, актерот Џереми Ајронс… Станува збор за луксузен апартман, во кој ноќевањето чини 7 илјади евра. Гостите на располагање имаат храна од ресторанот на Роберт де Ниро.

На Викторија покрај кристалното чисто море на располагање и се и спа –центар кој е еден од најлуксузните во Европа. Опкружени со прекрасна природа, мир и тишина, Бекамови ќе можат да одморат во Црна Гора.

Тие барале целосна приватност, па невозможно е да се видат без обезбедување. Дејвид со децата оди на пливање и крстарење, но обезбедувањето постојано е до нив.


Бекам финалето во Мундијалот ќе го следи на една од најатрактивните локации на Црногорското приморје. Свети Стефан е едно од омилените летувалишта на светскиот џет-сет, на кој досега престојуваа: Софија Лорен, Роналдо, Клаудија Шифер, Мајкл Даглас, Кетрин Зета Џонс, Адријана Лима, Марија Шарапова…

 

To top