Дали се сеќавате на едно од првите изданија на Меланија Трамп во улога на прва дама на Америка? Онаа во луксузен, висококвалитетен мантил со светло сина боја и со бели ракавици? Во тоа, таа дефинитивно ја купи планетата, а сега нејзиниот рецепт реши да го примени Колинда Грабар Китаровиќ.
Имено, хрватската Претседателка беше домаќин на средбата со Претседателот на Израел, Рувен Ривлин, и за таа прилика се одлучи за истиот аутфит како Меланија Трамп.
Да потсетиме, прекрасната Словенка ја користеше оваа комбинација за време на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, а потоа многу ја споредија со Џеки Кенеди.
Хрватската Претседателка целосно го превзема имиџот на Мелани – таа имаше идентичен комплет во светло сина боја, но исто така исти чевли и фризура.
Единствено што недостасуваше беа белите ракавици, но ќе признаете – тешко е дека овој детал е пожелен во средината на јули.