Пејачот на култната рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина денес на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.
Колегите преку социјалните мрежи се простуваат од Аки.
Ненад Милосављевиќ, Неша Галија вели дека не напуштил голем уметник, човек и пријател како што беше Аки.
-Многу ми е жал. Уште една лоша вест. Тој е човек кој се покажа со своите дела. Ние имаме привилегија луѓето да не проценуваат на основа на нашите дела. Што и да кажам малку е. Заминаа многу добри луѓе и тоа не е добро. Нека му е вечна слава.
Никола Роквиќ од Рахимовски се прости на Инстаграм.
-Патувај маестро, колку учев од тебе. Голем пејач со прекрасна боја и интонација. Ти благодарам, напиша Никола.
View this post on Instagram
Жељко Самарџиќ исто така се прости преку социјалните мрежи.
-Почивај во мир генерацијо, нека ти е вечна слава, напиша тој.
View this post on Instagram
Од Aки се простија и групата „Неверне бебе“. На својот „Инстаграм“ објавија фотографија oд Аки, а во описот напиша:
-Тажни очи, сто прашања (Тужне очи, сто питања)
Нина Бадриќ
-Господе мој, која тага. Замина еден од најголемите. Незаменлив музичар и институција на музиката на овие простори. Искрено сочувство до семејството и бендот. Почивај во мир прекрасен човеку.
View this post on Instagram
Калиопи
-Аки мој… Не верувам… Не сакам да верувам…., напиша Калиопи покрај фотографијата од Аки.
View this post on Instagram
Игор Џмабазов
Игор Џамбазов покрај фотографијата од Аки напиша:
-Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам…
View this post on Instagram
`
фото: Драган Кадиќ