Радио Милева

Колегијално трио: Фолкерката Сани на колешките им пееше на увце (фото + видео)

Колегијално трио: Фолкерката Сани на колешките им пееше на увце (фото + видео)

Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска е една од најангажираните пејачки, па секој вторник и четврток настапува во скопски ресторани и прави забава за паметање.

Нејзините колешки Татјана Лазаревска која летово престојува во Македонија и Даниела Темелковска сношти одлучија да се опуштат од работните обврски и да уживаат во атмосферата која ја прави нивната колешка Сани, а со тоа се пофалија на социјалните мрежи.

На Фејсбук Татјана објави видео на кое Сани им пее додека тие уживаат во ресторанот, а во описот на видеото напиша „Сани ни пее на увце“.

Исто така, фолкерката Лазаревска на Инстаграм сподели селфи со Сани  и Даниела, а во описот напиша „три жени – пејачки“.

фото; Инстаграм
To top