Фолк-пејачот Бојан Томовиќ нема добро мислење за Љупка Стевиќ, која последните денови беше во фокусот на вниманието на јавноста, откако во медиумите изнесуваше детали за нејзиниот „пропаднат“ љубовен живот со полицискиот генерал Драгиша Симиќ.
„Оваа Љупка е толку патетична што е ужас. Еве, таа конечно излезе од анонимност, така што целата горда, раскажува приказна за тоа како е десет години била со женет човек. Срамно и жално кон сопругата и децата на тој човек, но таа не размислува за нив. Таа уште и плаче, се преправа дека е жртва… И се гледа дека ужива во медиумското внимание што го има во моментов, а не е свесна дека сите ја сметаат за будала“ – го коментираше Томовиќ однесувањето на колешката.