Црногорскиот водител Божо Добриша беше гостин во „Амиџи шоу“ кај колегата Огњен Амиџиќ.
Во „квиз играта“, му беше поставено незгодно прашање за колегите од јавната сцена, а тој ги изненади сите со својот одговор.
„Именувајте го лицето со чиј отказ би бил среќен или доколку неговата кариера пропадне“ – гласеше прашањето.
Божо Добриша одговори дека му се допаѓа доколу пропадне кариерата на ТВ водителката Јована Јеремиќ.
„Актуелна е и за неа се зборува, па нека биде тоа Јована Јеремиќ. Можеби поради тој стан што го добила за трансферот… Еве, кога веќе имаме некого, полесно е“, – рече тој во емисијата „Амџи шоу“.
Веднаш потоа, Јована Јеремиќ се огласи, па му одговори на колегата Божо Добриша во свој стил:
„Не знам кој е Божо, тој има право така да мисли и посакува. Но, желбите се едно, а реалноста е друго. Сепак, морам да го растажам, јас сум ноќен кошмар што не поминува. Затоа, подобро е да се разбуди од сонот што е можно поскоро. За него ќе биде повеќе лековито и помалку трауматично“ – му возврати Јована Јеремиќ.
Фото: Јутјуб/Ами Џи шоу и Инстаграм принтскрин/jovanajeremicmilosevic