Мислите дека естрадната работа е лесна, а пејачите водат преубав живот – епа се лажете.
За повеќето од нив вечерните настапи се исцрпувачки и го поместуваат животниот биоритам, а тоа води до болест и ослабување на имунитетот.
Тоа му се случи на пејачот Милан Станковиќ кој ги загрижи следбениците на Инстаграм. Токму поради исцрпните настапи, Милан заврши во болница со инфузија во раката.
-Закрепнување од напорниот викенд, напиша пејачот за објавата која ја сподели на својот профил, а фановите му посакаа брзо закрепнување.