Радио Милева „ој животе, шпанска серијо“

Коктел, разголени нозе и поглед кој освојува: Емилија Розман ужива на ова дестинација (фото)

Коктел, разголени нозе и поглед кој освојува: Емилија Розман ужива на ова дестинација (фото)

Летото и летните одмори завршија, а познатите изминатите месеци уживаа некаде на плажа покрај море, под зраците на сонцето полнејќи се со витамин Д.

Дамите од понежниот пол имавме прилика да ги видиме во разголени изданија, позирајќи во бикини во разни пози и  истакнувајќи ги своите атрибути.

Македонската мисица и модел Емилија Розман знае како да ужива малку подалеку од секојдневието, гужвата и секојдневните обврски.

Како што обезнани на социјалните мрежи, мисицата замина во Шпанија. Таа на својот „Фесјбук“ објави дека патува за Марбеља, град во јужна Шпанија и познато туристичко место во провенцијата Малага, а во описот напиша:

„Ој животе, шпанско серијо“, пишуваа тоа.

Розман откри како ужива во потоплиот крај и во топлите денови.

Моделот постираше „Инстаграм стори“ на која позира во разголено издание, односно голи нозе испружена на лежалка, со пијалок во рацете и преубав поглед кој освојува.

Во описот напиша: „Доме, сладок, доме“.

Нејзините ФБ пријатели, следбеници и посакаа убав престој и убаво си помине.

За Розман нема зима, ниту лошо и влијае промената на клима.

Инаку, вчера 19.10.2021 се полнеа 4 години од смртта на таткото на Емилија. По повод годишнината, како и секоја година, така и оваа, моделот се обрати со емотивна порака на социјалните мрежи:

„19.10.2017 денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам. Уште една година без тебе тато. Не знам што е потешко, тоа што животот не застана кога ти не напушти, или тоа што продолжи, а не си до нас да ги видиш сите прекрасни работи што се случија. Затоа што ти да беше тука, лоши немаше да се случат. Или немаше да ги осетиме. Понекогаш чувствувам грижа на совест кога сум многу среќна. Зар смее човек да е толку среќен во животот ако има изгубено некој како тебе? Зар смеам да продолжам да живеам без секој ден да посакувам јас да умрев наместо тебе? Зар смеам да имам живот без тебе?
Ми фали сето твое битие…
Ама едно знам, а и ти знаеше, а некому целиот живот му поминува без да дознае…
Ти знаеше… Колку беше сакан, колку беше почитуван, колку беше ценет…
И сите луѓе би дале се за да ги гушнат тие што веќе ги нема до нив.
Јас не тато, затоа што те изгушкав, те чував, се грижев за тебе до последен атом и те изнасакав за овој, сите претходни и сите наредни животи. Би дала се само да можеш да видиш колку си ти ТАТО БЕСМРТЕН!
Те сакам, ти имаш само ден на раѓање… “, стои до фотографијата.

фото: фејсбук/емилија розман

To top