На 20 декември во 20:15 на МРТВ започнува шестата сезона на „Преспав“.
Инаку, Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.
Новата сезона започнува за неколку дена, а продукцијата сега го објави првиот тизер за она што не очекува во шестото продолжение на најгледаната македонска серија.
Имено, во трејлерот може да се види дека „Преспав“ е спасен од пожарот, но внатре се случува хаос.
Хотелот почнува да се распаѓа, кујната на Марио не функцинира, кокошки паѓаат во пансиониот, а Ула сака бебе со Коста, а тука и Мич кој ја организира играта „Преспански лигњи“.
Како што велат од продукцијата, во новата сезона ќе има многу хумор и изненадување со актерите.
Инаку, освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.
Во видеото подолу погледнете го тризерот за шестата сезона на „Преспав“.
фото: принтскрин/јутуб/пансион преспав