Модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам често споделува фотографии од својот сопруг Дејвид на Инстаграм и обично привлекува големо внимание, а сега ги почести фановите со глетка на поранешниот фудбалер во долна облека.
View this post on Instagram
Викторија објави фотографија од Бекам како лежи на под во долна облека и работи нешто под телевизорот, а Викторија се пошегува дека во куќата има мајстор.
„Дојде електричар да го поправи телевизорот… Повели!“
View this post on Instagram
Многумина од следбениците на Викторија и се заблагодарија што објави ваква фотографија од нејзиниот сопруг, кој со години е еден од најпосакуваните мажи на планетата, а некои имаа и многу духовити коментари.
„Божиќна честитка за цел свет“, „Кажи ми дека не сум единствената што зумирала“, „Викторија Бекам работи хуманитарна работа за време на празничната сезона“, „Пош Спајс, нашиот Дедо Мраз“, „Сакам што не си себична“, „Што и да среди тој, пукна и моето“ се дел од коментарите на девојките кои ја следат Бекам на Инстаграм.
Најдуховит беше актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој напиша:
„Во моментов го кршам телевизорот“.
фото:Instagram printscreen/ victoriabeckham