Идната снаа на Лепа Брена, Сандра Миљаковиќ, потекнува од селото Будиловина кај Брус, каде сè уште живее нејзиното семејство, кое често го посетува. Девојката на Виктор Живојиновиќ има 26 години, студира на Филолошкиот факултет во Белград и работи како шминкер, а тие двајца се во врска речиси една година.
Семејството Миљаковиќ живее во близина на центарот на селото, нивната семејна куќа е доста голема, изградена од тула и со простран двор.
Сандра е најмалото дете и има двајца браќа – Марко и Милош. Марко дипломирал на Машинскиот факултет во Крагуевац, каде сè уште живее и работи, додека Милош завршил угостителско училиште и работи со неговиот татко Звездан Миљаковиќ во семејна компанија која произведува метали и нерѓосувачки челик. Мајката е домаќинка и работи домашни работи, а исто така помага во земјоделството, затоа што одгледуваат капини.
Според нејзините соселани, Сандра била одлична ученичка и завршила средно училиште во Брус, по што се запишала на Филолошкиот факултет, студирајќи српски јазик и литература. Таа секогаш била примерна девојка, работела и земјоделие берејќи капини за дневница од 20 евра и никој не ја памети по никакви скандали.
Мештаните сè уште го немаат видено Виктор Живојиновиќ во селото, иако неговата девојка често доаѓа да го посети семејството.