Радио Милева

Која е девојката која со продавање вода стана ѕвезда на Златните Глобуси 2019?

Која е девојката која со продавање вода стана ѕвезда на Златните Глобуси 2019?

Хостесата Келет Кутберт го уркаде вниманието на доделувањето на „Златните глобуси 2019“.

Згодната бринета на „Златните глобуси“  работеше како хостеса на еден познат бренд за вода, а утрото по поделбата на „Златните глобуси“  стана хит на социјалните мрежи поради тоа што се појавува на повеќе фотографии зад холивудските ѕвезди на црвениот килим.

Па така, фоторепортерите ја фатија зад Никол Кидман, Ричард Маден и многу други ѕвезди.

Многумина се пошегуваа на нејзина сметка истакнувајќи дека таа треба да добие „Златен глобус“ или улога во некој филм.

Келед е канадска манекенка која во 2015 година се преселила во Лос Анџелес. Покрај тоа што работи како хостеса, снима разни реклами и едиторијали, а во една прилика се појавила и во магазинот „Maxim“.  Исто така, младата дама често на социјалните мрежи промовира витамини и маски за лице.

Манекенката е во среќен брак со еден фотограф кој го запознала на снимање во 2010 година, а станува збор за фотограф кој е познат по голи и секси фотографии.

Со желба да успее, Келет ја искористи приликата да биде хостеса на „Златните глобуси“ од каде што објави и неколку фотографии на својот „Инстаграм“. Како што самата истакна имала испланирана стратегија за начинот на позирање.

To top