Радио Милева
од лесен стимул до тежок порок...

Кои се’ (биле) најпознатите естрадни „пијандури“: Мирослав дека ќе престане да пие се колнел пред икона, Весна со ракија заспала на гробишта, Бора-Чорба се откажал пред мртовечница… (ФОТО)

Кои се’ (биле) најпознатите естрадни „пијандури“: Мирослав дека ќе престане да пие се колнел пред икона, Весна со ракија заспала на гробишта, Бора-Чорба се откажал пред мртовечница… (ФОТО)

Многу пејачи и актери од  јавната сцена имаа(т) голем проблем со алкохолот кој негативно се одрази на нивните животи. Некои отворено зборуваа за нивната борба со алкохолизмот и за причините што ги навеле да се откажат од страшниот порок.

Мирослав Илиќ изјави дека се заколнал пред иконата на Свети Ѓорѓија дека ќе престане да пие.

Легендарниот пејач објасни дека до пред 30 години не се разделувал со чашата, но дека во еден момент сфатил дека мора да пресече и да се ослободи од овој порок! – До 1989 година седев со пријателите по кафеани, пиев и кршев чаши. Имав лоша толеранција кон алкохолот и кога ќе се отрезнев, ќе сфатев дека не ми се допаѓа начинот на кој се однесувам. Едно утро се разбудив, застанав пред познатата икона на Свети Ѓорѓи, се прекрстив и реков: „Будало, нема повеќе да пиеш“. Така беше, пресеков  како со ножички – изјави Илиќ за Информер и додаде дека сфатил дека може убаво да се забавуваш во кафана и без да се опиеш.

Весна Змијанац – познатата пејачка во младоста живеела бурен живот, но подоцна решила да се смири и да се повлече во својата викендица на Букуља.

Весна еднаш открила дека консумирала голема количина алкохол, но дека веќе не го прави тоа:

„Одев на гробиштата во Букуља, седев на гробот на некоја баба и испив девет чоканчиња ракија, а потоа ми се приспа и… Сум заспала на гробот! Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. Склона сум кон тој порок, за кој нема оправдување, ниту го барам. Тажно е кога жената ја ублажува својата беда и очај со алкохол“ – признала пејачката.

Бора Чорба – пејачот на легендарната рок група двапати се лекуваше од алкохолизам, а како што самиот кажа во интервјуата, за прв пат престана да пие во 2009 година.

„Првпат престанав да пијам во 2000 година кога имав сериозни здравствени проблеми. Еден поглед на мртовечницата за интензивна нега на Клиничкиот центар беше доволен за да сфатам некои работи. Не  конзумирав алкохол цели  девет години, но потоа повторно почнав. Имам испиено алкохол колку цел  Дунав, Сава и двете Морави, но повторно престанав пред седум месеци и сакам да се задржам на тоа“ – изјави Бора во интервју за магазинот „Стори“ во 2016 година, додавјќи:

„Точно е дека одам на најрадикална можна терапија. Имав мал период на емоционална нестабилност и повторно почнав да пијам. Неодамна  прекинав, докторот ми даде лек кој е многу опасен, бидејќи може да предизвика дури и срцев удар. Ако пијам алкохол со тие таблети, ќе ми создаде хаос во телото. Веќе две недели сум на терапија, а почнав да одам и во теретана за да ослабам неколку килограми“ – изјавил Бора Ѓорѓевиќ пред седум години.

Покојниот  Џеј Рамадановски не криеше дека имал многу здравствени проблеми поради алкохолот, а лекарите му рекле дека мора да престане да пие.

„Се обидувам да се ослободам од алкохолот, сите знаат дека имам проблем со него. Докторот ми забрани да пијам, бидејќи може да умрам, но повеќе би сакал да умрам отколку да се откажам од пиењето. Го исфрлив вискито, кое најмногу ми се допаѓа, но не можам да живеам без алкохол. Пијам по три-четири ракии или две шишиња вино дневно. Еднаш се обидов да се откажам од алкохолот, кратко траеше. Дури и моите ќерки не сакаат да ме гледаат со чашка, но јас пеам и пијам цел живот, тоа е навика од која не можам да се ослободам“ – ​​изјави своевремено сега веќе покојниот Џеј.

Фото: Дамир Дервишагиќ, Ненад Костиќ, Shutterstock

Останати вести од Радио Милева