Нова Година чука на портите, па предновогодишната еуфориија станува се поинтензивна. До душа, кај некои уште отсега расположението е пуштено на најсилно, но повеќето сепак се чуваат за „најлудата ноќ“ која ја имаа таа магична моќ да не развесели и расположи барем на миг.
Украсените излози на продавниците и моловите, на дуќаните и домовите, на улиците, парковите и плотадите, на целиот град потсетуваат дека доаѓа часот за збогување со старата и дочек на новата година, полна со надежи, желби и очекувања за поубаво утре на секое поле.
Новогодишната елка секако е најпознатиот и највпечатливиот симбол на Новата Година… Украсена со светилки и лампиони, со украси и фигури кои блескаат особено во ноќта само ја поттикнуваат радоста за очекувањата кои ги носи Новата година. А елка како елка, секој има своја и на себесвојствен начин украсена…
Некој џиновска, некој џуџеста, една е поголема, друга помала, повеќето се вештачки, понекоја е и природна, повеќе или помалку украсена со разнобојни украси или накитена само во една боја… Но, секоја од нив е различна и на свој начин убава!
И речиси сите во домот имаат своја новогодишна елка која е ваква или онаква, ама малкумина имаат специфична… Но, веројатно никој нема како што има македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска. Нејзината е една и единствена и уникатна, односно мошне специфична… Зашто елката на Весна – Бејби е „течна“!
Ја краси додека ја краси собата или поточно масата, ама за миг може и да ја снема, зашто освен декоративната улога има и корисна намена… Вака, како што Бејби ја наредила е мошне симпатична, ама затоа може во секој момент да стане и практична, особено во миговите кога се слави и честита…
Тогаш нејзината елка станува најкорисна и најупотреблива, иако за да ја ја ставите во таква функица ќе мора да ја растурите. И тоа „украс по украс, „лампион по лампион“…
Освен ако не сте „шампион“ за брза конзумација на ваква „течна елка“, во која сепак ви препорачуваме да уживате со мерка и без ризици! Среќни празници!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska