Радио Милева во јавноста станува жена, во стварноста - се жени?

Кој му го смести на Стефан Лукиќ дека „Ѕвездата на Гранд“ го менува полот: „Луѓе, зар не гледате дека туку што ја запросив девојката“? (ФОТО)

Кој му го смести на Стефан Лукиќ дека „Ѕвездата на Гранд“ го менува полот: „Луѓе, зар не гледате дека туку што ја запросив девојката“? (ФОТО)

Во домашните медиуми шокантно одекна веста дека учесникот во популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Лукиќ го менува полот и станува жена!

Сепак, во екот на приказната за менувањето на полот, Стефан ја извести јавноста дека тоа се само медиумски измислици за јавноста, а во стврарноста, тој всушност ќе се жени со девојката која никогаш никаде не ја покажал, ниту пак објавил фотографии со неа на социјалните мрежи.

 

Пејачот сега се огласи во оваа прилика и истакна дека не е точно дека го менува полот и дека некој наводно намерно му мести афера.

„Луѓе, не менувам пол, не гледате дека ја запросив девојката?“ – порачал пејачот, кој и понатаму тврди дека целата афера му била наместена.

„Некој ме мести. Ако на некои слики изгледам како жена, тоа мора да е фотомонтажа. Очигледно сакаат да ми ја уништат кариерата, бидејќи им пречи што настапувам во Крушевац и околината“ – бесно додал Лукиќ за српски „Ало“.

 

 

Да потсетиме, откако се појавија фотографиите на кои тој е облечен како жена, младиот музичар на Фејсбук објави дека се верил со девојката. Стефан на социјалната мрежа објави фотографија на која позира со непозната девојка, но и слика од нејзината рака на која блеска златен прстен и подолу опис: „Таа кажа ДА“!

Така, младата „Гранд ѕвезда“ во јавноста „станува жена“, а во стварноста – се жени! Кој сака, нека честита!

Фото: Фејсбук и Јутјуб принтскрин/Stefan Lukic

To top