Антониа Гиговска и Иван Јованов се една од најмладите и најинтересни естрадно -љубовни двојки. Обајцата со кариера во подем и популарност во пораст, но и љубов која наспроти предвидувањата дека ќе биде за „еднократна употреба“, сепак речиси две години опстојува.
Музички секој има свој пат, но приватно се чини дека двајцата се како „лепенка“. Еден без друг очигледно долго не можат да издржат, па секоја прилика ја користат да бидат заедно. Ако не може постојано, тогаш барем најмногу што може. А сега, кога коронавирусот и пандемијата естрадата ја затворија во „4 ѕида“, кога веќе нема настапи, свадби, свирки… и мора да седат дома, време еден за друг вљубените „билбилчиња“ имаат се’ повеќе.
И колку повеќе е човек заедно со некого, толку повеќе почнува да се адаптира, да се прилагодува на партнерот, а со тек на времето и да поприма по некоја од навиките, па дури и да заличува на својата „понежна или посилна половина“ во некои работи, да почне да практикува некои нешта.
Евидентно е дека македонската естрадно-љубовна двојка не е далеку од оваа констатација, зашто како минува времето од нивната врска, фактите покажуваат дека Антониа и Иван почнуваат во некои работи да стануваат слични, да заличуваат во некои нешта, па дури и визуелно. Дури и не мора лично добро да ги познавате, за да забележите дека едниот повремено му прави „копи – пејст“ на другиот.
Така на пример, кога Антониа имаше темна, костенлива боја на косата, такава беше и косата на Иван. И пејачката и вокалниот солист на „Либеро бенд“ изгледаа во колоротот на фризурите – исто.
Не помина многу време, Антониа реши да ја осветли косата, а веднаш потоа, истото го направи и нејзиното момче.
За неколку месеци некогашната „Пинкова ѕвездичка“, сега веќе профилирана пејачка реши да стане целосно русокоса. Промена која одлично и (при)лег(н)а) и ја направи да изгледа уште поатрактивно, попривлечно, вамп и секси…
Арно ама, нејзиното момч ене чекаше долго, па во првата следна прилика, за снимањето на последното видео на неговиот бенд насловено „Дел по дел“ и Иван стана комплетно русокос! Или „мушка плавуша“, што би рекле кај нашиот северен сосед.
Но, за имиџот да не им биде тотално идентичен, се погрижи Антониа, која се чини е секогаш чекор понапред во модните експерименти, па на снимање му се појави како „пинк лејди“.
Со розова боја на фризурата, колор ала Зорица Брунцлик… Добро, ајде, ала Карди Би, да речеме.
Песната и спотот се појавија и имаа медиумска промоција, а пејачот на „Либеро бенд“ реши веднаш потоа да направи и сопствена, себепромоција… На новиот имиџ, секако. Од што друго да се почне ако не од – фризурата. И тоа тазе бојадисана, во свежо розова боја… Исто како Зорица, Карди… Нееее… Туку, како неговата Антониа!
Но, тоа не се’, особено ако не е цело! Зашто впечатокот не би бил комплетен ако нема уште нешто што покажува дека распеаните љубовници, се’ повеќе наликуваат во имиџот…
Па дури и кога е облекувањето во прашање. До душа смо на моменти, за рекламни потреби или исполнување лични желби, сеедно…
„Во секоја желба си ти“ – му порача тогаш Антониа на своето момче, додека некои други како водителот Димитар Атанасовски на пример се чудеа, па ја прашаа како успеа да го убеди вака да се облече?
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-imaat-nova-fotosesija-a-dimitar-atanasovski-ja-prasha-pejachkata-kako-go-natera-samo-da-go-obleche-ova/
И додека Антониа се правдаше дека модата во светот така налагала, а се воделе од тековните модни трендови и тенденции, остана да виси одговорот на прашањето: „Чија тенденција е едниот да го следи другиот во чекор и кој кому е „копи-пејст“? Антониа Гиговска на своето момче или Иван Јованов тера мода „по женски памет“?
Вистина.ком.мк – секогаш отворена со простор за нивни одговори!