Радио Милева

Кој ќе ги плаќа трошоците на Меган и Хари откако заминаа од кралството?

Кој ќе ги плаќа трошоците на Меган и Хари откако заминаа од кралството?

Откако Меган и Хари се откажаа од кралските должности и дворецот и решија да живеат на реалција Америка-Англија, приказните околу ваквата голема и неочекувана промена не стивнуваат.

Многумина се прашуваат со што ќе се занимаваат Меган Маркл и принцот Хари и кој ќе им ги плаќа огромните трошоци за нивното обезбедување, а Канада наводно решила да го преземе тој проблем.

Како што пренесуваат странските медиуми, канадскиот премиер Џастин Трудо се согласил канадските даночни обврзници да платат 500.000 долари за трошоците за обезбедување на принцот Хари и неговата сопруга.

Од друга страна пак, вчера цела планета ја обиколи веста дека принцот Хари и Меган Маркл одбиле да го откријат името на тајниот мултимилијардер кој им го отстапил нивниот канадски дворец за годишниот одмор, а кој својот идентитет го крие со методи кои ги употребуваат оние кои перат пари или пак избегнуваат платени потези, пишуваат од „Daily Mail“.

Кралскиот пар го одбил повикот од британското списание за да го откријат идентитетот на британскиот сопственик на вилата наспроти тврдењата дека тоа би можел да биде некој руски милијардер.

Портпаролката на парот исто така одбила да каже дали парот платил годишен одмор, но сега е откриено дека позади секо тоа стои рускиот милијардер Јуриј Милнер.

фото:инсатграм

Јуриј Борисовиќ Милнер е израелско-руски претприемач, интернет гуру и физичар. Милнер е еден од највлиајтелните руски технолошки инвеститори.

Коосновач е и претседател на интернет компанијата Mail.ru Group и основен инвеститор на компанијата DST Global.
Форбс прво го класифицирале како милијардер, за минатата седмица да влезе во 100-те најголеми живи “работни умови“ на листата на истоименото списание.

Луксузната вила во Канада во која Хари и Меган заедно со нивниот син Арчи го поминаа првиот Божиќ вреди 14.1 милион долари и има осум спални соби.

To top