Мегафон урнебесната комедија доаѓа во Скопје

„Кој е тука идиот?“ во Домот на АРМ

„Кој е тука идиот?“ во Домот на АРМ
Уште една хит – театарска претстава доаѓа во Скопје. „Кој е тука идиот“ ќе гостува во Домот на АРМ, а во неа главните ликови се познатите и популарни српски актери Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ. Претставата е правена по дело на руската писателка Муза павлова, а шеговито раскажува настани од далечната 1903 година кога во Русија двојките за да стапат во брак морале да добијат различни потврди, меѓу кои онаа од психијатар.
Приказната започнува со забавата на ергенската вечер на идниот младоженец ( Милан Калиниќ) и барањето на споменатата потврда од психијатарот ( Срѓан Ивановиќ)…

Влезниците ќе можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за се“, „1/2 Југотон“ и цвеќарницата „Розе“ во супермаркетот Веро 2.

 

 

 

To top