Радио Милева кој би рекол?!

Кој би рекол дека ќе полни 41 година: Многумина не ни претпоставувале дека се работи за ангел на „Викторија сикрет“ (ФОТО)

Кој би рекол дека ќе полни 41 година: Многумина не ни претпоставувале дека се работи за ангел на „Викторија сикрет“ (ФОТО)

Прославената манекенка и некогашниот ангел на „Викторија сикрет“, преку ден се движи во лежерни изданија…

Алесандра Амбросио важи за една од најубавите манекенки на денешницата и е честа мета на папараците кои очигледно не ѝ пречат – без двоумење ги покажува секојдневните комбинации, истакнува лице без шминка и природна убавина.

Фотографирана на паркинг во Лос Анџелес, Бразилката носи кошула и шорцеви, а оваа лежерна комбинација ја искомбинирала со патики и чанта.

Алесандра на 11 април полни 41 година, а во неколку наврати нагласи дека „не пропушта тренинзи, како и режимска исхрана и медитација“.

За потсетување, таа со поранешниот партнер Џејми Мазур имаше две деца, ќерката Ања Луиз и синот Ноа Феникс, а после десет години под ист покрив, во 2018 година решиле да ја раскинат свршувачката и секој да тргне по својот пат.

фот: celebmafia.com

To top