Во денешно време тешко може да се поверува дека некој би вратил пронајдени пари, особено ако станува збор за поголема сума.
Токму тоа и се случи на една Македонка која на социјалната мрежа Фејсбук објави дека изгубила паричник со околу 700 евра, картички и лични документи. Надежта дека можеби ќе ги пронајде, ја побарала во тоа што објавила на една радиостаница, а набрзо следел и шокот, кога чесниот пронаоѓач и ги вратил назад. За да се заблагодари и да покаже дека се уште има чесни луѓе, госпоѓата напиша објава и наедно се заблагодари на радиото и секако извесниот Божидар кој и го дал паричникот во состојба како и пред да го изгуби. Нејзината порака гласи вака:
-Готово, мисијата на радио Голди заврши, парите се на свое место. Уште еднаш респект за чесниот пронаоѓач Божидар . Уште една потврда дека радиото е моќен медиум. Ова е втор случај да го пронајдеме изгубеното (материјално). Овој пат апел до луѓето кои работат во странство, а тука ги трошат парите за внимание, но нема проблем тука се уште има чесни луѓе. Се работеше за 650 евра, 2820 денари и многу македонски и странски картици и лични карти, гласи објавата.