Катарина Ивановска која минатата година стана мајка и на свет го донесе синчето Вања, се врати во топ форма и на ангажманите како модел, а тоа го покажуваат нејзините фотографии на социјалните мрежи.
И покрај сите, обврски таа редовно наоѓа време за себе и да ја одржува својата кондиција. Покрај здравата исхрана, Катарина континуирано е посветена и на редовно вежбање и здравиот начин на живот.
На Инстаграм, македоснкиот модел сподели фотографија на која ја покажа своја одлична топ форма и своите стомачни мускули.
Освен со вежби, своето тело и лице ги негува и со креми на база на природни билки, а исто така често и пешачи.
Многумина би му завиделе на изгледот на македонското девојче особено што ваков стоак, бедра и нозе тешко се добиваат по породување.